Најголемиот приватен остров во Грција се продава за 40 милиони евра

Од:

Најголемиот приватен остров во Грција се продава за 40 милиони евра, пишува електронското издание на весникот „Еспресо“.

Островот Дулихиум се наоѓа во Јонското Море. Објавата за продажбата на островот веќе е поставена на најпознатиот сајт во светот, кој објавува понуди за приватни острови. Меѓу понудените острови има и многу грчки.

Според информацијата островот Дулихиум е со плоштина од 5.400 декари. Тој се смета за најголемата приватна сопственост во островскиот дел на земјата. На островот има четири илјади маслинки и ниска вегетација. Карактеристично за него е црвената боја на земјиштето и големите карпи.

За островот веќе има интерес, а некои од заинтересираните купувачи веќе решија да го претворат островот во рајско катче и во луксузно одмаралиште со пристаниште за јахти.

Оваа инвестиција ќе донесе сигурна заработувачка и ќе ја претвори Герција во дестинација број еден за богатите туристи.

Освен до Итака и Кефалонија островот Дулихиум се наоѓа и во близина на островот Оксија, кој според неодамнешните написи е купен од шеикот на Катар Хамад бил Халифа ал Тани.

„Еспресо“ пишува дека за продажба на конкретниот сајт се објавени уште 15 грчки острови. Највисока е цената на островот Патроколос, кој се продава за 160 милиони евра, а по него се островите Оморфи за 50 милиони евра и Дулихиум за 40 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција