Најбогатите Руси загубиле повеќе од 83 милијарди долари

Од:

Богатството на најбогатите руски бизнисмени е намалено за 83,4 милијарди долари од почетокот на 2022 година, покажува денеска објавениот индекс на милијардери на Блумберг.

Според пресметката на Блумберг, богатството на Владимир Потањин, претседателот на холдингот Интерос и рударската компанија Норникел, сега изнесува 29,8 милијарди долари, што е 1,08 милијарди долари помалку од почетокот на годината, пренесува Тасс.

Леонид Микелсон, претседател на Управниот одбор на Новатек, изгубил пет милијарди долари од јануари 2022 година и неговото нето богатство се проценува на 27,4 милијарди долари. Алексеј Мордашов, претседателот на Управниот одбор на Северстал, сега има 21,1 милијарди долари, односно 7,78 милијарди долари помалку отколку на почетокот на годината.

На листата се најдоа и претседателот на Управниот одбор на НЛМК Владимир Лисин со богатство од 20,2 милијарди долари по загуба од 7,8 милијарди долари, потоа поранешниот извршен директор на Лукоил Вагит Алекперов, кој е „полесен“ за 1,86 милијарди долари, и сопственикот Алишер Усманов на Металоинвест со загуба од 3,38 милијарди долари.

Акционерот на Новатек Генадиј Тимченко загуби 8,35 милијарди долари, додека поранешниот неизвршен директор на производителот на вештачки ѓубрива, групацијата Еурокем, Андриј Мелниченко загуби 3,88 милијарди долари во изминатите десет месеци.

Би можело да ве интересира

Вучиќ се сретна со Путин: Го ценам тоа што дојдовте во Москва и покрај притисоците

Левица: Апасиев на средба со Тајасев – заменик претседателот на КПРФ

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

Литванија и Латвија му забранија на Вучиќ да лета за Москва

13 украински дронови уништени во три региони на Руската Федерација

Русите со дронови го нападнаа Киев, вкупно 11 лица се повредени, вклучувајќи две деца