Најавена словачка инвестиција во Велес

Од:

Во Индустриската зона Мамутчево кај Велес наскоро е можно да започне изградба на нова странска инвестиција – прва гринфилд словачка инвестиција во Македонија.

Ова на денешната прес-конференција го соопштија градоначалникот на Велес Славчо Чадиев и неговиот гостин амбасадорот на Словачка во Македонија, Мартин Безак, кој тоа го изјави при неговата денешна прва официјална посета на Општина Велес.

– Планираме инвестиција затоа што оваа индустриска зона има поволна географска положба и инфраструктура, а со неа би се добиле и неколку стотина нови вработувања, најави амбасадорот Безак.

Амбасадорот Безак воедно информира дека потоа е можно и збратимување на градот од Словачка од каде доаѓа инвеститорот со Велес, а за што и денеска меѓу другото разговарале со градоначалникот Чадиев.

– Словачка и Македонија имаат многу заеднички допирни точки и долга соработка. Да потсетам дека токму на територијата на Словачка во 9 век, започнала Моравската мисија на сесловенските браќа Св Кирил и Методија, а ние сме словенски народи со сличен јазик и менталитет. Воедно, имаме и добра економска соработка да потсетам дека една словачка фирма го реновира затворот во Идризово, словачка фирма испорача 150 товарни вагони за Македонија, а сладот за пивото на Скопска Пивара се произведува во нашата земја, потсети амбасадорот Безак.

Словачкиот амбасадор за време на престојот во Велес посети и културно – историски знаменитости во градот, а беше во обикола и на Индустриската зона Мамутчево каде е планирана словачката инвестиција.

Чадиев рече дека ќе информира за инвестицијата, откако ќе се потпише договорот со инвеститорите од Словачка, што се очекува наскоро.

Би можело да ве интересира

Тројца повредени во сообраќајка во близина на Велес

Планинарот Пецевски по кој се трагаше е пронајден мртов

Вардар во Велес излеан на кејот, во градскиот парк поплавени дрвјата покрај брегот

Предраг Петровиќ

Велешанец е најден мртов во неговиот двор со траги од крв по главата

Жена со автомобил удри во малолетник и избега

Арамија од куќа во Велес украде пари и мобилен телефон