Нафтата поскапе на 76 долари за барел, се очекува да се намалат светските резерви

Од:

Цените на нафтата денеска се зголемија на меѓународните пазари на 76 американски долари, поддржани од тесните залихи и очекувањата за намалување на резерви во САД и светот.

На лондонскиот пазар цената на барелот порасна за 41 цент во споредба со претходното затворање, на 75,57 долари. На американскиот пазар со барел се тргуваше за 28 центи повисоко, на 74,38 долари.

Во фокусот на трговците на мало се залихите во САД и светот, со оглед на зголемената побарувачка на енергија за време на летните одмори и укинувањето на пандемиските ограничувања.

Аналитичарите проценуваат дека залихите на сурова нафта во САД минатата недела паднаа осма недела по ред, а најверојатно ќе опаѓаат и залихите на бензин.

Меѓународната агенција за енергетика (ИЕА) процени денеска дека залихите на нафта во третиот квартал ќе се намалат најмногу во последните десет години, наведувајќи го остриот пад во јуни во САД, Европа и Јапонија.

Би можело да ве интересира

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски