Нафтата поевтинува како што се разгорува пандемијата

Од:

Цените на нафтата денеска паднаа, а експертите го објаснуваат трендот со зголемениот број заразени со коронавирус во многу земји од светот. Сепак, инвеститорите негуваат внимателен оптимизам за потенцијално откривање на вакцината за Ковид-19 и за тековните разговори за Фондот за закрепнување на економијата на Европската унија.

Цената на нафтата „брент“ од Северно море денеска падна за 32 центи, или 0,7 проценти, на 42,82 долари за барел, додека американската WTI нафта опадна за 29 центи на 40,30 долари за барел, пренесуваат британските медиуми.

Повеќе од 14,5 милиони луѓе во светот се заразени со новиот коронавирус, а повеќе од 604.000 починале од Ковид-19.

Падот на цената на „црното злато“ донекаде е ублажен со веста дека германската биотехничка компанија „БиоНТтек“ и американскиот производител на лекови „Пфизер“ презентираа дополнителни факти дека нивните експериментални вакцини за Ковид-19 се безбедни и резултираат во создавање имунитет кај пациентите.

Инвеститорите, исто така, го следат текот на самитот на ЕУ за да идентификуваат сигнали што ќе влијаат врз цените на пазарот, при што лидерите покажуваат први знаци за компромис околу поделените ставови за предлог фондот за обнова од 750 милијарди евра за заживување на нивните економии.

Би можело да ве интересира

Нови цени на горивата

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски