Нафтата поевтини поради стравот од нов корона-бран

Од:

Цените на нафтата денеска падна на 38 американски долари, под притисок од стравувањата дека втор бран на коронавирус во Кина, Јапонија и САД ќе го спречи закрепнувањето на побарувачката на енергенси.

На лондонскиот пазар, цената на барелот падна за 38 центи во однос на претходното затворање и изнесува 38,35 долари. На американскиот пазар, со барелот се тргуваше по цена пониска за 66 центи, односно по 35,60 американски долари.

Трговците се загрижени од појавата на нов бран на пандемијата на коронавирусот. По скоро два месеца затишје, Пекинг во изминатите четири дена пријави 79 нови случаи, а бројот на новозаразени во САД повторно се зголеми, со повеќе од 25.000 нови случаи само во саботата. с

Би можело да ве интересира

Вучиќ тврди: САД и Британија за неколку дена ќе воведат санкции за српската нафтена индустрија

САД бараат начини да ги намалат приходите на Русија од нафтата

Пад на цената на нафтата

ЈСП Скопје интервентно купило нафта од Пуцко Петрол

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста