Надворешно-трговската размена до април 3,4 милијaрди долари

Од:

Надворешно-трговската размена во првите четири месеци од годинава изнесува 3.406.495.000 долари. Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во периодот јануари-април годинава изнесува 1.309.912.000 долари, а на увозот 2.096.583.000 долари.

Покриеноста на увозот со извоз изнесува 62,5 проценти. Трговскиот дефицит, во периодот јануари-април, изнесува 786.671.000 долари, објави денеска Државниот завод за статистика.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи), облеката и преработките од нафта. Во увозот најмногу се застапени суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија.

Во периодот јануари-април годинава, најголемо учество во извозот на стоки имаат земјите-членки на ЕУ 27, со 71 процент, и земјите од Западен Балкан со 19,5 проценти. И во увозот на стоки најголемо е учеството на членките на ЕУ, 57,2 проценти, и останати – земји со 12,6 проценти. Според вкупниот обем на надворешно-трговската размена, Република Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија. Со тие пет држави се врши 48,8 проценти од вкупната надворешно-трговска размена.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана