Надминување на проблемите за подобра бизнис клима, побараа стопанственици од Анѓушев

Од:

Надминување на проблемите за подобра бизнис клима, побараа стопанственици од Анѓушев на денешната средба во Кавадарци. Игор Мицев, раководител на сектор за правни работи во Кожувчанка, рече дека како компанија се чувствуваат дискрминирани кога е Законот за финансиска поддршка во прашање.

-Затоа што сме корисници на правна концесија и производители на акцизна стока не можеме да се јавиме како баратели на финансии, а други фирми кои имаат многу помал обрт на средства и не го полнат буџетот како нас, имаат право да аплицираат, нагласи Мицев.

Тука е, додаде, и барањето за легализација на бесправно изградените објекти, нешто што може да придонесе за економски развој на локалната општина.

-Ќе се соберат средства со кои ќе се полни буџетската каса. По легализацијата, општинската каса потоа секоја наредна година ќе се полни и преку данокот на имот. А имателите на такви објекти би се стекнале со имотен лист за подоцна тој имот да може да биде предмет на кредит, хипотека, давање под закуп и слично, рече Мицев.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски