Над три милиони Грци се економски неактивни – ниту работат, ниту бараат работа

Од:

Грчката служба за статистика денеска ги објави податоците за невработеноста во Грција за месец септември што изнесува 16,1 отсто и е намалена за помалку од еден процент во споредба со истиот период лани.

Во 2019 година оваа стапка изнесувала 16,9 отсто, а во август годинава – 16,5 проценти.

Процените се дека во септември годинава вработени биле 3.880.667 лица, невработените се 746.951, додека пак 3.259.023 граѓани се економски неактивни, односно лица кои ниту работат, ниту пак бараат работа.

Експертите велат дека голем дел од овие луѓе се вклучени во сивата економија, во која заработуваат пари кои не се оданочени. Во 2017 година имаше проценки дека сивата економија во Грција има вредност од 21.5 отсто од Бруто домашниот производ на земјата.

Би можело да ве интересира

Во Грција исчезна петгодишното момче Игор од Србија

Горан Наумовски

Голем шумски пожар во близина на Атина: Пожар зафати куќи, бројни пожарникари и 17 авиони учествуваат во гаснењето

Голем пожар на грчкиот остров Серифос во Егејското Море

Тринаесетгодишно девојче загина од гром на плажа на Халкидики

Предраг Петровиќ

Грција: Раководството на Северна Македонија се враќа на дејствија што алудираат на иредентизам

Големи пожари избувнаа низ Грција, пристигнуваат хеликоптери за да им помогнат на пожарникарите

Горан Наумовски