Над половина милион работни места изгубени во Грција во последните пет години

Од:

Од 2008 до 2010 година сите работни места создадени во  Грција од 2001 година се изгубени, а во последните пет години на длабока рецесија земјата изгубила 507.000 работни места од приватниот сектор, покажува истражување на двата најпретставителни синдикати – Заедничката конфердерација на трудот (ГСЕЕ) и Федерацијата на државните службеници (АДЕДИ).

Како особено значаен факт се посочува растот на оние невработени кои подолго време бараат работа, кои во 2012 година претставувале 39 отсто од населението на Грција.

Според Евростат, во ноември минатата година Грција била земја со највисока невработеност во ЕУ – 26,4 отсто.

Невработените меѓу жените биле 29,3 отсто, а меѓу младите под 25 години невработеноста достигнала драматичен раст од 58,4 отсто.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски