Јапонскиот автомобилски гигант Тојота соопшти денеска дека повлекува повеќе од 900.000 автомобили од пазари во Канада, Јапонија, Мексико и САД заради проблеми со воздушни перничиња.
Тојота ќе замени делови во околу 900.000 возила од моделот Корола и Корола Матрикс произведени меѓу 2011 и 2004 година.
На контролниот сензор за воздушното перниче може да влијаат мали електронски шумови и перничето може да се активира во погрешен момент, соопштија од Тојота. Досега се пријавени 47 случаи на неисправност, воглавно во САД.