Над 3.200 барања за субвенционирање на поставени сончеви колектори во домовите

Од:

Над 3.200 граѓани поднеле барања за субвенционирање на купен и вграден соларен систем во домовите, за што се предвидени 6 милиони денари, информира министерот за економија Ваљон Сарачини на почетокот на јавното извлекување на лицата кои ќе го остварат ова право.

Министерството за економија по петти пат ја спроведува оваа стимулативна мерка, која годинава по втор пат се реализира по пат на јавно извлекување на добитниците, кои ќе добијат надомест од 30 отсто од направените трошоци, но не повеќе од 300 евра.

– Заклучно со крајниот рок во јавниот оглас, кој траеше до 31 мај, во Министерството за економија се пристигнати 3.271 барања за чија реализација се предвидени 6 милиони денари. Тоа е навистина голема бројка, но радува и фактот што се повеќе стануваме свесни дека со воведување на соларен термален колектор, едно домаќинство во својот дом годишно може да заштеди околу 2.400 kwh, а финансиските заштеди за една година би изнесувале околу 13.000 денари, согласно последната цена на електричната енергија во Република Македонија, рече министерот Сарачини на извлекувањето кое денеска се одржува во Скопје.

Досега, Министерството за економија има субвенционирано 1.901 домаќинства (2007 и 2009 година по 500 домаќинства, во 2011 година 420, а во 2012 година 481 домаќинства) и за оваа намена досега се исплатени 27.855.001 денари од Буџетот на Република Македонија.

Субвенционирањето на вградување на сончеви колектори во домаќинствата, како што истакнуваат од Министерството за економија, е дел од политиките и мерките кои овозможуваат промоција на обновливите извори на енергија, унапредување на енергетската ефикасност, но и за подобрување на квалитетот на животот на своите граѓани.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана