Над 1.000 европски финансиски институции бараат пристап до Обединетото Кралство по Брегзит

Од:

Извештај на консултантската фирма Бовил открива дека над 1441 банка и други финансиски институции од ЕУ побарале дозвола од британските власти да отворат канцеларии и седишта во Обединетото Кралство по Брегзит за да можат да продолжат соодветно да ги служат британските клиенти.

Податоците објавени денеска во извештајот доаѓаат од официјалните британски финансиски власти и покажуваат дека и покрај стравувањата Лондон и по Брегзит ќе остане клучен светски финансиски пазар.

Обединетото Кралство треба официјално да истапи од ЕУ на 31 јануари по што треба да започнат трговските преговори помеѓу двата блока за идното партнерство. Финансискиот пазар и пристапот до него ќе биде едно од најважните поглавја во овие преговори.

Според извештајот 228 финансиски институции од Ирска побарале дозвола да отворат канцеларии во Обединетото Кралство, 170 од Франција, 165 од Кипар и 149 од Германија.

До сега ЕУ и Обединетото Кралство имаа непречен взаемен пристап до пазарите, што нема повеќе да биде случај по Брегзит.

Над триста финансиски институции од Британија побараа дозвола да продолжат да работат во Европската Унија исто така.

-Ова е јасно гласање на доверба во британскиот сектор на финансиски услуги и добра вест за британската економија на услуги генерално, изјави Мајк Џонсон од консултантската фирма Бовил.

Тој додаде дека овие податоци покажуваат дека “Лондон останува единствениот вистински глобален финансиски центар во Европа и дека фирмите на континентот со глобални аспирации ќе продолжат да имаат потреба да водат бизнис овде“.

Би можело да ве интересира

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон

Хели: Не треба да постои страв од реториката на Путин

Повеќе од 35.000 мигранти пристигнаа во Велика Британија оваа година

Британците ги бришат џихадистите од Сирија од листата на терористи

Горан Наумовски

Милиони Британци погодени од огромно невреме, десетици илјади останаа без струја

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот