Нацрт-законот за новите економски мерки во Грција пристигнува во Парламентот

Од:

Во грчкиот Парламент денеска се очекува да биде доставен нацрт-законот, изготвен од Владата, за ратификување на спогодбата со кредиторите. Овој договор беше постигнат на почетокот на месецот и се однесува на пакетот реформи, предвидени во спасувачката програма на земјата, јави АНА-МПА.

Со спогодбата се отвора патот за отпуштање на следната транша од спасувачкиот кредит за Грција.

Нацрт-законот вклучува мерки за реформите на пазарот на трудот и во сферата на енергетиката, како и намалување на пензиите и зголемување на даноците.

Мерките беа договорени на преговорите меѓу Атина и нејзините кредитори, кои почнаа во октомври и требаше да завршат кон крајот на минатата година.

Нацрт-законот денеска ќе влезе на разгледување во парламентарните комисии, а на 17 мај ќе биде ставен на седница на Парламентот. Гласањето е предвидено на 18 мај.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес во Грција

(ВИДЕО) Пожар во рафинерија во Грција: Железничкиот сообраќај во прекин, наредена итна евакуација

Горан Наумовски

СИРИЗА: Политиката на соработка со Македонија е замрзната

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Драма во авионот за Грција: Пијан патник се обидел да упадне во пилотската кабина

Горан Наумовски

Серија земјотреси го погодија Крит