Националната банка на Грција одобри план за рекапитализација

Од:

Националната банка на Грција го одобри планот за рекапитализација во вредност од 9,76 милијарди евра, и нејзиното раководство тврди дека ќе се соберат доволно средства од приватни извори за да се избегне национализација, јави дописникот на МИА од Атина.

Националната банка на Грција, која е најголема банка во земјата во однос на активите, соопшти дека акционерите одобриле план, кој е неопходен за да се гарантира солвентност на банката, а поголемиот дел од загубите ќе се компензираат од големото преструктуирање на државниот долг од минатата година.

Поголемиот дел од свежите пари за банката ќе ги обезбеди грчкиот фонд за финансиска стабилност. Четирите најголеми грчки банки – Националната банка на Грција, Еуробанк, Алфа и Пиреја – се вклучени во шемата за рекапитализација со вкупна вредност од 27,5 милијарди евра.

Но Еуробанк веќе соопшти дека не може сама да собере 10 проценти од потребните пари, што е услов за да остане приватна банка.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент