Национална награда за најдобри брзорастечки фирми „Газели“

Од:

Националната награда за најдобри брзорастечки фирми „Газели“, поддржана од Министерството за труд и социјална политика и Агенцијата за вработување на Република Македонија, во рамките на Оперативниот план за програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2016 година, ќе биде доделена денеска во Музејот на македонската борба во Скопје.

Проектен партнер за оваа активност е Бизнис конфедерација на Македонија и Холандската програма за поддршка на работодавачите.

Целта на наградата, како што истакнуваат од Бизнис конфедерацијата, е да го промовира позитивното и успешно работење и да даде инспирација за натамошно унапредување на работењето кај претпријатијата во Македонија, зголемен број работни места, јакнење на домашната економија преку овој вид стимулирање раст на домашните компании и нивно прераснување во „средни компании“.

Националната награда се доделува прва година, а во овој период македонските претпријатија пријавиле 33 апликации, со кои ја покажуваат својата посветеност и успешност во работењето.

Апликациите, додаваат од Конфедерацијата, ги евалуираше стручна жири комисија составена од претставници на институциите кои се вклучени во процесот и претставници од  стопанството.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски