На „Самит 100“ во Скопје над 150 бизнис лидери од ЈИЕ и четворица премиери

Од:

Над 150 бизнис лидери од Југоисточна Европа, четворица премиери од Западен Балкан, министри и претставници на Европската унија ќе учествуваат денеска и утре на регионалниот Самит 100 што ќе се одржи во Скојпе.

Поврзувањето е клучната тема на Самит 100 во Скопје, односно поврзување во различни области и на различни нивоа. Еден од главните говорници ќе биде еврокомесарката за транспорт Виолета Булц на која ќе и се придружат реномирани бизнис лидери, претставници на водечките компании од регионот како Хидрија, АСА Груп, Атлас фондација, Атлантик група, Горење, БМВ, Подравка, Филип Морис, ББИ, Убер, Бамби и други, но и претставници од меѓународни финансиски инститиуции како Европската банка за обнова и развој, Меѓународната финансиска корпорација, Европската инвестициска банка, Светска банка и многу други претставници од бизнис сектор.

Самитот денеска официјално ќе го отворат претседателот на Бордот на Самит 100, Живко Мукаетов и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов.

Денеска ќе се одржи и панел на тема „Е-Концепт за забрзување на растот базиран на поврзувањето“ на кој ќе присуствува и вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев.

На првиот ден од Самитот се очекува најава за почнување на реализација на проектот Едисон за електрификација на автопатишатата во регионот. Ова е регионален проект што е произлезен од иницијативата Самит 100, чија платформа е настаната во Словенија 2015 година.

Според претседателот на УО на Самит 100 и генерален директор на Алкалоид, Живко Мукаетов, настанот е уникатен и отвора можности за вистинска поврзаност и искористување на заедничкиот потенцијал на земјите од регионот.

Јелена Радуловиќ, програмски директор на Самит 100, смета дека од година во година Самит 100 напредува и секогаш му се додава по некоја нова димензија на иницијативата.

Панел со премиерите на земјите од регионот ќе се одржи утре. Потврдено е присуство на премиерот на Македонија, Зоран Заев, на Албанија, Еди Рама, на Црна Гора Душко Марковиќ и на претседавачот со Советот на министри на Босна и Херцеговина, Денис Звиздиќ.

Македонскиот премиер е поканет да учествува со свое излагање на премиерската пленарна панел дебата под наслов „Нов договор за новото време, или, дали регионот е подготвен за натпревар на глобалната сцена“, на која ќе се дебатираат и темите за енергијата, за економиите засновани на знаење, за брендирањето, за дигиталната економија и за стратегиите за поврзување на регионот и за заеднички иницијативи во областа на туризмот.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски