На поранешниот грчки министер за финансии Папаконстантину ќе му се суди за списокот „Лагард“

Од:

Поранешниот министер за финансии на Грција, Јоргос Папаконстантину, ќе биде изведен пред суд заради т.н. список „Лагард“, одлучи Парламентот во Атина по бурната расправа и тајното гласање на пленарна седница, јави грчкото Национално радио.

Мнозинството пратеници ги одобрија покренатите обвиненија против 51-годишниот социјалист, кој беше министер за финансии во периодот од 2009 до 2011 година.

Обвинувањата се однесуваат на фалсификување документ, административни престапи и злоупотреба на службената положба.

За овие обвиненија на Папаконстантинуму се заканува затворска казна. Поранешниот министер категорично ги отфрли сите обвиненија, нарекувајќи ги „фарса“, и притоа упатувајќи остри забелешки кон сегашниот лидер на социјалистичката партија ПАСОК Евангелос Венизелос, кој по него го предводеше Министерството за финансии на Грција.

Се смета дека поранешниот министер за финансии е одговорен за начинот на кој се однесувал во врска со податоците за банкарските сметки на Грците во швајцарските банки.

Папаконстантину беше главната фигура при договорањето на спасувачката кредитна спогодба за Грција со другите држави од еврозоната и ММФ.

Во 2010 година француските власти на Атина и го дадоа списокот со имињата на Грци со банкарски сметки во Швајцарија и тоа се случи во момент кога грчката економија беше потресена од големата криза. Грчките власти, меѓутоа, не ги проверија податоците за потенцијално прикривање даноци.

Папаконстантину во Парламентот негираше дека извршил нешто погрешно, изјавувајќи дека ги побарал податоците и и ги предал на истрагата.

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски