На листата на најмоќни луѓе во светот на „Форин полиси“ има и 23 Руси

Од:

На листата на 500 најмоќни луѓе во светот на американско списание „Форин Полиси“ се наоѓаат и 23 Руси. На листата се имињата на луѓе кои имаат високи раководни функции во политиката, финансискиот или енергетскиот сектор, во медиумите или во вооруженитее сили, но и влијателни верски лидери.

Меѓу овие 500 најмоќни, според мислењето на американскиот неделник, се наоѓаат и рускиот претседател Владимир Путин, премиерот Дмитриј Медведев, министерите за надворешни работи, за одбрана и за финансии, Сергеј Лавров, Сергеј Шојгу и Антон Силуанов, како и директорот на руската Централна банка, Сергеј Игнатиев.

На листата, објавена во најновото издание на „Форин Полиси“, се наоѓаат и имињата на првите луѓе на „Газпром“, Алексеј Милер, на „Лукоил“, Вагит Алекперов и на „Росњефт“, Игор Сечин, како и милијаредерот Алишер Усманов.

Составувачите на листата на најмоќните во светот, меѓу„моќните Руси“ го ставиле и Семјон Могилевич, руски мафијашки бос по потекло од Украина, за кого се верува дека ја има под контрола најголемата руска мафијашка група. Могилевич, кој е познат и како Сергеј Шнајдер, е осомничен за вмешаност во трговијата со дрога и луѓе, за проституција и за перење пари.

Овој руски мафијаш е и на листата на десете најбарни луѓе на американското Федерално истражно биро (ФБИ). Ранг листата на најмоќните ги содржи и имињата на американскиот претседател Барак Обама, неговата сопруга Мишел, поранешниот британски премиер Тони Блер, тибетскиот верски лидер Далај Лама, папата Франциско, но и сирискиот претседател Башар ел Асад.

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана