На грчките банки им требаат над 40 милијарди евра за рекапитализација

Од:

Централната банка на Грција објави извештај во кој потврди дека на земјата и се потребни повеќе од 40 милијарди евра за рекапитализација на банкарскиот систем, јави дописникот на МИА од Атина.

Сумата ќе се обезбеди од кредитите кои Грција ги добива од Европската унија и Меѓународниот монетарен фонд. Со тоа ќе се надоместат загубите на банките од реструктуирањето на грчкиот долг и од економската криза во земјата.

Во извештајот се потврдува оценката од мај годинава кога беше утврдено дека . за рекапитализација на банките ќе бидат потребни 40,5 милијарди евра, од кои 27,5 милијарди ќе бидат наменети за четирите најголеми банки: Националната банка на Грција, Алфа банката, Еуробанк и Банката Пиреја.

Уште 1,4 милијарди ќе бидат потребни за промената на сопствениците на некои банки, меѓу кои се трговските АТЕ банката, Протон банката, Т-Банката, како и три кооперативни банки. Други 3,1 милијарди се предвидени за евентуална рекапитализација на банки кои не се сметаат за клучни.

Би можело да ве интересира

Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, вели Попов

Грчката Сириза избра нов лидер: Сократис Фамелос на чело на поранешната владејачка партија

Два од земјотресите во Грција почувствувани во Гевгелија, Струмица, Велес, Скопје, Битола и Кавадарци

Катерина Ѓуровски

Се тресе Грција: девет земјотреси за еден час, најсилниот со јачина од 5.3 степени

Катерина Ѓуровски

Конфликтот меѓу две семејства во Грција загина тригодишно дете

Силен земјотрес во Грција