На две седмици запира производството на Фиат во Европа

Од:

Компанијата Фиат Крајслер Аутомобајлс (ФЦА) го прекинува производството на две недели во повеќето нејзини европски фабрики за да ги заштити работниците од пандемијата на новиот коронавирус и да го прилагоди бизнисот на намалената побарувачка, објави денеска италијанско-американскиот производител на возила.

ФЦА, за која аналитичарите проценуваат дека произведува околу 25 проценти од своите возила во Европа, во соопштението посочува дека запирањето со работа, кое ќе трае до 27 март, ќе и овозможи на компанијата „ефикасно да одговори на нарушувањата на пазарот со тоа што ќе обезбеди оптимизирање на понудата“.

Во соопштението се додава дека привремено ќе биде запрено производството во објектите на ФЦА во Италија, Србија и Полска.

Италијанскиот синдикат на работници ФИОМ ја опиша одлуката на Фиат-Крајслер како „неопходна“.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on