Вашингтонци ги наполнија трговските центри и молови вчера во текот на „Black friday“ и вечерта. Престолнината синоќа пулсираше во шопинг возбуда. Во екслузивните бутици на „Macy’s“ и во „Forever 21“ имаше турканици и редици. Сиот народ дојде да бара добри зделки, додека рестораните во новоизградениот кеј во округот Александрија, на новиот кеј на „Д варф“ од страната на Ди-си, и во Џорџтаун останаа полупразни.
Најголемиот трговски центар во САД, пак, „Mall of America“, лоциран во сојузната држава Минесота, јави дека притокот на купувачи од сабајлето до затворање синоќа бил околу 100.000 луѓе, два пати повеќе од лани.
Националната федерација на ритејлери прогнозира од 8.5 до 10.5 отсто зголемени продажби за време на сезоната на празници во споредба со лани.
Иако некои трговски ланци известија за намалена посетеност, тоа може да се компенизира со активноста на купувачите на интернет. Поради пандемијата, некои продавници беа затворени на Денот на благодарноста, но објавија дека ќе имаат добри попусти на интернет.
Во изминатите години, сѐ повеќе Американци избираат да одат на шопинг од дома, поудобно и порелаксирано од пред своите компјутери и смартфони. Онлајн продажбте се очекува да пораснат за 10 отсто во споредба со лани. Да потсетиме дека продажбите под ова мото продложуваат викендов и во понеделник, за кога се најавени попусти на електронски уреди, компјутери, телефони и телевизори, познато и како „сајбер мандеј“.
Од друга срана, аналитичката фирма „Alianz Research“, прогнозира дека детските играчки, облеката, белата техника и телевизорите оваа сезона ќе бидат поскапи за пет до 17 отсто споредбено со лани.
Историски, петокот после Денот на благодарноста започнал да се нарекува „црн“ во 1950-те години, така полицијата од Филаделфија го опишувала хаосот што бил предизвикан следниот ден. Тогаш, колони автомобили со купувачи и посетители пристигале во центарт на градот на шопинг и да го гледаат фудбалскиот натпревар меѓу армијата и морнарицата што се оддржувал во сабота.
Притоа, се создавале такви сообраќајни метежи што полицајците од Филаделфија немало шанса да добијат слободен ден и дежурале во неколку смени, зафатени со контрола на толпите и метежот, така, тој ден за нив станал „црн петок“. Оттогаш, терминот се одомаќил за опишување на иницијативата на ритејлерите да привлечат масовно купувачи со намалени цени, а на почетокот на празничната сезона.