МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

Од:

Лозарите со претходната Влада на СДСМ беа оставени сами на себе и понижени со ниската откупна цена. Затоа го прашуваме СДСМ зошто од април месец кога е донесен Законот, Министерството не ја донело Методологија и избрало научна институција за пресметување на цената, велат од МЗШВ.

„Ако СДСМ навистина сакале да им помогнат на македонските лозари немало да ги уништат со толку ниски откупни цени. Минатата година таа изнесуваше 12-13 денари по килограм предадена „Смедеревка“ и 15-17 денари, а по килограм предаден „Вранец“, додека пак изминатите години беше уште пониска. Лозарите Владата на СДСМ ќе ја паметат во тоталното безредие. Владата на ВМРО-ДПМНЕ докажа дека е партнер на лозарите со тоа што производната цена на двете најзастапени вински сорти која што согласно Законот за вино е зголемена за 25% како добивка на лозарите, и Вранецот за килограм изнесува 20,8 денари, а килограм Смедеревка изнесува 18,3 денари“, се вели во реакцијата на МЗШВ.

Би можело да ве интересира

Лозари бараат сушата да се прогласи за елементарна непогода

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата