МЗШВ: Ќе бидат преземени мерки за непречен откуп и дистрибиција на земјоделските производи

Од:

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство денеска соопшти дека ќе бидат преземени сите неопходни мерки за непречен откуп и дистрибуција на земјоделските производи и за заштита на домашното производство.

Оттаму истакнуваат дека деновиве е реализирана средба на производителите и откупувачите на градинарски производи со цел да се утврди како се одвива откупот и дистрибуцијата во Струмичкиот и Тиквешкиот регион каде во тек е бербата на праски, круши, кајсии, цреши и вишни.

На средбата е утврдено дека голем број регистрирани откупувачи кои работат со извоз немаат стабилни партнери, а постојат и вештачки блокади од странските партнери, за што причина е неусогласеноста на цената при откупот. Забелешката од странските откупувачи е што во една гајба се пакуваат по три сорти, а производите се чуваат во несоодветни услови.

Со цел подобар откуп и пласман, од ресорното Министерство најавуваат преземање мерки со кои ќе се поттикне изградбата на складишни капацитети и откупно-дистрибутивни центри со капацитет над 5.000 тони и поддржување иницијативи за изградба на мали ладилници со капацитет од 500 тони.

На овој начин, велат од Министерството за земјоделство, земјоделците ќе ги одржат производите квалитетни и ќе можат да постигнат повисока откупна цена.

– Новата реформска Влада има план преку МЗШВ да спроведе сеопфатна програма за поддршка на сите чинители во секторот. Дополнително се работи на создавање подеднакви пазарни услови кои ќе важат за сите и во еден таков фер пазарен однос ќе се воспостави и фер однос кон цената на чинење на земјоделски производи. Во програмата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој посебен осврт ќе се даде на примарното производство, односно земјоделецот ќе биде во фокусот. Ваквата состојба со сигурност ќе овозможи зголемено производство, се наведува во соопштенето од МЗШВ.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп