МЗШВ: Исплатата на субвенците ќе продолжи деновиве

Од:

Исплатата на субвенциите се очекува да продолжи оваа недела, откако денеска новоназначениот директор на Платежната агенција Игор Златков и официјално ќе стапи на функцијата.

Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ), Антикорупциската комисија веќе даде позитивно мислење за реализација на финансиската поддршка, средствата се обезбедени, преостанува уште Златков да го депонира потписот во Централен регистар.

И производителите потврдија дека добиле ваква информација од МЗШВ поради што, велат, средбата што требаше да се одржи денеска со ресорниот министер Михаил Цветков, е одложена.

– По завршување на процедурите за депонирање на потписот на новиот директор на Платежната агенција во Централен регистар, очекуваме деновие да почне исплатата на субвенциите, информираат од МЗШВ.

Земјоделците чекаат Златков официјално да стапи на позицијата директор, како што им е соопштено, и до крајот на неделава да почне исплатата на субвенциите. – Во петокот Министерството ни соопшти дека денеска треба да се депонира потписот на новиот директор на Платежната агенција, а тоа значи дека наредните денови ќе почне исплатата на субвенциите, изјави претседателот на Федерацијата на фармери Никола Стаменов.

Исплатата на субвенциите беше стопирана по последните парламентарни избори поради различното толкување на Изборниот законик. За надминување на проблемот, МЗШВ изготви предлог-измени, но на владината седница на која тие се разгледуваа, беше заклучено Антикорупциската комисија да се произнесе околу можноста за реализација на поддршката откако ќе ги согледа сите законски решенија кои го регулираат овој процес.

Субвенциите за 2016 година треба да се исплатат најдоцна до 30 јуни годинава, а за финансиска поддршка на земјоделството во 2017 година се обезбедени 100 милиони евра.

Би можело да ве интересира

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци

МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата

МЗШВ: Ништо ново од Трипуновски, лаги и измислици наместо проекти и визија за земјоделците

Горан Наумовски

Кривична пријава за несовесно работење во службата против двајца членови на комисија во МЗШВ

МЗШВ: Повик до откупувачите на сончоглед да достават податоци за извршениот откуп