Во Македонија не се произведува сомнително брашно. Сите пратки при увоз, преку детални анализи, се проверуваат постојано, а производителите имаат забрана за користење на увозната пченица без потврда дека таа е проверена и исправна, од страна на акредитираните лабаратории при Агенцијата за храна и ветеринарство и Земјоделскиот инспекторат при Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Oваа пракса е воспоставена и се применува под постојан инспекциски надзор, а се почитува од страна на увозниците, соопшти Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Дополнително, големите увозници кои имаат свои лаборатории, постојано вршат сопствени анализи за контрола на увезените количини и самите реагираат на неправилности, односно ги враќаат сомнителните количини на пченица.