Мудис предупредува за опасност од национализација на двете најголеми банки во Грција

Од:

Меѓународната рејтинг агенција Мудис предупредува на опасност од целосна национализација на двете водечки грчки банки „Националната банка“ и „Еуробанк“, поради неможноста да привлечат приватни инвеститори со цел да одговорат на барањето на меѓународните кредитори за рекапитализација, објави весникот „Етнос“.

Национализацијата на двете банки сепак може да има негативен ефект врз нив и да им донесе загуби. Убедени сме дека настаните во Кипар имаат значителна улога врз одлуката за одложување на договореното спојување на двете најголеми грчки банки поради тешкотиите за привлекување капитал од приватниот сектор, се наведува во соопштението на агенцијата.

Националната банка на Грција има потреба од 9,76 милијарди евра, а Еуробанк од 5,84 милијарди евра, за исполнување на критериумите за ликвидноста поставени од централната банка. Двете банки постигнаа договор за спојување, но тој беше замрзнат од кредиторите на земјата кои побараа тие да бидат рекапитализирани.

Би можело да ве интересира

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он

Грчката полиција го забрани денешниот најавен собир на Албанците во Атина