Министерството за труд и социјална политика ги потсетува сите компании дека се обрзани да им платата дневница на работиците што ќе работат на празник, однос за 1 Мај – Денот на трудот, кој согласно Законот за празниците е државен празник и е неработен ден за сите вработени, соопштија од МТСП.
– Министерството за труд и социјална политика потсетува дека работниците кои работат на ден на празник определен со закон, согласно Законот за работните односи, имаат право на надоместок на плата и додаток на плата. Согласно Законот, работодавачот е должен за работа на државен празник претходно писмено да го извести подрачниот Државен инспекторат за труд, информираат од оваа Министерство.
Секое прекршување на оваа регулативата работниците можат да го пријават во Државниот инспекторат за труд на телефонскиот број 151 31 или на мејлот [email protected].