МСЦИ: Грција од развиена држава стана пазар во развој

Од:

Грција е првата развиена држава чиј статус е намален на пазар во развој.

Њујоршката компанија МСЦИ на такво намалување на статусот се одлучи откако грчкиот индекс на акции се намали за 83 отсто од 2007 година, јавија американски медиуми.

Грција не успеа да исполни критериуми поврзани со позајмување на хартии од вредност, кредитни олеснувања и продажба на обврзници, ссоопшти компанијата МСЦИ чии индекси на акции ги следат инвеститори со вкупно богатство од седум билиони долари.

Рејтингот на Катар и ОАЕ е зголемен на статус „пазари во развој“ додека рејтингот на Мароко е намален на „граничен пазар“ (frontier market).

Би можело да ве интересира

Земјотрес со јачина од 6,1 степен во близина на грчкиот остров Крит

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски