Московиси: Договорот на ММФ за Грција е позитивен сигнал за пазарите

Од:

Еврокомесарот за економски и финансиски прашања, Пјер Московиси денеска како го оцени како „многу позитивен сигнал за пазарите“ принципелниот договор на ММФ за финансиска поддршка на Грција.

– Одлуката, донесена од ММФ, е многу добра вест. Тоа е нов позитивен сигнал за враќање на довербата на меѓународните партнери кон Грција и многу позитивен сигнал за пазарите, коментираше Московиси.

Според него, ова учество на ММФ го отвора патот за идно финансирање, што се разбира е помало од европското кредитирање, но и покрај тоа е добредојдено и од корист за грчката економија.

На 25 јули Московиси треба да ја посети Атина, каде е планирано да се сретне со грчкиот премиер Алексис Ципрас и министерот за финансии, Евклидис Цакалотос.

Советот на директори на ММФ синоќа постигна принципелна спогодба на Атина да и се даде правото да користи кредит од 1,6 милијарди евра, а денеска се очекува рејтинг агенцијата „Стандард и Пурс“ да ја актуализира својата оценка за кредитоспособноста на Грција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он