ММФ: Стравот од мигрантите ги натера Британците да излезат од ЕУ

Од:

ММФ оцени дека имиграцијата може да помогне во поттикнување на економскиот раст во земјата домаќин и повика на брза интеграција на новите работници.

Забелешката на  ММФ, соддржана во новата студија, коинцидира со силното антиимигрантско расположение во западните земји, бидејќи глобалната бегалска криза достигнува размери кои не се забележени уште од Втората светска војна, пренесуваат француските меидуми.

„Миграциите можат да ја поттикнат општествената напнатост и да предизвикаат политички отпор во земјите кои ги прифаќаат, но досегашното искуство покажува и дека тие можат да обезбедат предност во смисла на поголем раст, продуктивност и ублажување на стареењето на населението“, се наведува во извештајот на ММФ.

Еден процентен поен раст од уделот на мигрантите меѓу возрасната популација на земјата домаќин долгорочно може да резултира со раст од 2,0 отсто од БДП по глава на жител, се додава во извештајот.

ММФ повикува на брза интеграција на новодојденците во пазарот на трудот, како и во образовниот систем и се зазеде за поддршка на почнувањето бизнис на мигрантите, за да се превенираат напнатоста и социјалните притисоци до кои може да дојде во процесот на апсорбирање на новата популација мигранти.

„Бегалците бараат посебно внимание. Клучно е намалувањето на времето за чекање на барателите на азил пред да им се дозволи да работат“, се наведува во извештајот.

Според оценката на ММФ, стравот од миграцијата влијаеше и на определбата на британските гласачи годинава да се одлучат за опцијата да се отцепат од Европската Унија.

Би можело да ве интересира

Високи британски функционери подготвија детален план во случај на смрт на познатиот мачор Лери од Даунинг Стрит

A1on

(ВИДЕО) Гори историската зграда Сомерсет во центарот на Лондон, пожарот го гаснат стотина пожарникари

A1on

(ВИДЕО) Нови немири во Британија, демонстрантите фрлаа со камења врз полицијата, има повредени

Горан Наумовски

ВИДЕО: Повредени полицајци, изгорени и уништени објекти, синоќа продолжија немирите во Велика Британија

Предраг Петровиќ

Британската влада призна: „Нашата земја е шворц“

Предраг Петровиќ

Избодени неколку лица во Велика Британија: Меѓу повредените има и деца