ММФ со предупредување за раст на банкарството од сенка

Од:

Слабо регулираното „банкарство од сенка“ е зголемено до огромни размери во глобалниот финансиски систем и претставува се поголем ризик за стабилноста на голем број држави, особено за САД, соопшти Меѓународниот монетарен фонд.

Банките во сенка во светот управуваат со средства вредни 60.000 милијарди долари, наведува ММФ.

Банкарството во сенка вклучува легални, но слабо контролирани институции како што се фондови и финансиски компании во држави во развој кои преземаат пари од инвеститори и го позајмуваат како банки.

Работата на тие институции во изминатите шест години во светот е во пораст, но ММФ предупредува дека ризиците во банкарството во сенка се големи бидејќи такви компании зависат од краткорочно финансирање.

Во случај на паника, масовното повлекување средства од банките во сенка може да го потресе поширокиот финансиски систем и целокупната глобална економија, како што дел се случи во финансиската криза од 2008 година. По таа криза, моќта на банките од сенка е зголемена, наведува ММФ.

Во САД таквите банки имаат двојно повеќе средства отколку „обичните“ банки, а во еврозоната како и во држави во развој, нивните средства се вредни околу 60 отсто од средствата на банките.

Банкарство од сенка „цвета“ и во Кина каде банките се со контролирани каматни стапки што „штедачите“ ги тера да побараат подобар поврат на средства вон банките. ММФ е со проценка дека таквото банкарство во Кина е „тешко“ околу 35 отсто до 50 отсто од БДП на државата.

Би можело да ве интересира

Трамп: Нема да се кандидирам за трет мандат

(ВИДЕО) Трамп: Како претседател мора да го почитувам Уставот на САД и тоа што ќе одлучи Врховниот суд

Горан Наумовски

Поранешен шеф на ЦИА: САД ѝ дадоа на Украина доволно оружје за да „крвави“, но не и да победи

Мали: Вучиќ ја напушти ВМА, тој нема да се предаде

Горан Наумовски

Економска офанзива на Белата куќа, Трамп вложува милијарди, бара пониски каматни стапки

Администрацијата на Трамп го укина безвизниот режим за Романија

Горан Наумовски