ММФ: Растот на бројот на заразени од Ковид-19 е најголемиот ризик за американската економија

Од:

Главен ризик за економското закрепнување на САД е повторното појавување на случаи на заразени со Ковид-19, што би принудило повторно затворање на стопанството, предупреди денеска Меѓународниот монетарен фонд.

Владата на САД ќе треба да направи повеќе во наредните месеци за да обезбеди поддршка на домаќинствата и да ја зголеми побарувачката, како и да се посвети на намалување на сиромаштијата и недостатоците во здравствениот систем на САД, се вели во годишниот извештај на ММФ за најголемата светска економија.

„Дури и со невидена поддршка на политиката што и се дава на економијата“, САД претрпеа пад од 37 проценти на БДП во вториот квартал, а економијата се очекува да се намали за 6,6 проценти во 2020 година, се вели во извештајот на фондот, истакнувајќи ги „огромните неизвесности“.

„Главниот ризик, и оној што е најтешко да се измери, е дека повторното зголемување во бројот на случаи на зарразени во САД може да доведе до обновени, делумни вонредни мерки со затворање работа на бизниси“, се вели во извештајот.

ММФ предупредува дека товарот на економското влијание го сносат семејства со пониски приходи.

„Веќе има итни знаци на предупредување дека големината на економската контракција и секторската распределба на економските загуби ќе доведат до системско зголемување на сиромаштијата“, велат од ММФ.

Според нив, „ќе биде потребен понатамошен круг фискални мерки во наредните месеци за зголемување на побарувачката, зголемување на подготвки во здравственот сектор и поддршка за најранливите“.

„САД имаат фискален простор и треба да брзо да реагираат за да се забрза заздравувањето од второто тримесечје, трајно да се подобри мрежата за социјална сигурност“, се вели во извештајот.

Би можело да ве интересира

Двајца кинески државјани загинаа во авионската несреќа во Вашингтон

Пронајдени се црните кутии во остатоците од авионот на „Американ ерлајнс“

Захарова: Три жртви од падот на американскиот авион имале руски пасоши

САД: Забраната за продажба на оружје на млади од 18 до 20 години е неуставна

Горан Наумовски

Америка преместува голем број моќни ракети „Патриот“ од Израел во Украина

Горан Наумовски

Централните делови на САД ги погоди силен земјотрес