ММФ: Преговори за доделување кредит од 4,8 милијарди долари на Каиро

Од:

Разговорите со египетските власти за доделување на Каиро кредит во износ од 4,8 милијарди долари беа оценети како корисни и конструктивни од страна на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).

Во Каиро вчера се одржа нов круг консултации по ова прашање. Директорот на одделот на ММФ за Блискиот Исток и Централна Азија Масуд Ахмед разговараше со египетскиот премиер Хишам Кандил, со шефот на централната банка и со министерот за финансии.

Масуд Ахмед истакна дека ММФ ќе продолжи со поддршка на напорите на Египет за спроведување на економските реформи. Преговорите за доделување кредит од 4,8 милијарди долари ќе продолжат во текот на неделата.

Во ноември двете страни постигнаа принципиелен договор за стабилизациската програма што Египет треба да ја исполни, но во последен момент Каиро се откажа од предвиденото укинување на државните субвенции и зголемување на даноците.

Би можело да ве интересира

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

ММФ прогнозира раст од 3,2 отсто на македонската економија

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова на средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд

А1он

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка