Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри исплата на транша од 314 милиони долари на Кипар.
ММФ го пофали Кипар за напредокот во исполнувањето на фискалните цели и ги повика властите да продолжат со напорите за спроведување на структурни реформи.
Според ММФ Кипар досега добил речиси три четвртини од пакетот помош во вредност од 1,13 милијарди долари согласно спасувачкиот пакет за земјата од 2013 година. Европската унија обезбеди дополнителни 10,17 милијарди долари помош за Кипар.