ММФ: На Африка ќе и требаат 1,2 билиони долари за закрепнување од пандемијата

Од:

Во следните три години на Африка ке и бидат потребни 1,2 билиона долари за да закрепне од економските штети и здравствените трошоци предизвикани од епидемијата на коронавирусот, соопшти Меѓународниот монетарен фонд.

Директорката на ММФ, Кристалина Георгиева, изјави дека светот мора да стори многу повеќе за да го поддржи закрепнувањето на Африка од оваа криза.

Би-Би-Си пренесува дека во Африка се регистрирани помалку инфекции и смртни случаи од Ковид-19 отколку во повеќето други континенти.

Но, Светска банка соопшти дека уште 43 милиони Африканци се изложени на ризик од екстремна сиромаштија, токму како резултат на пандемијата.

-Економските последици го елиминираат претходниот тренд на силен раст во Африка. Многумина останаа без работа, а семејните приходи се намалени за 12 проценти, кажа Георгиева на виртуелниот состанок на ММФ

Би можело да ве интересира

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Нереални сцени: Во Африка падна снег

Средби со Светска банка: Светска банка со поддршка на реформските активности на Народната банка за пристапување кон СЕПА