ММФ крена раце од Македонија?

Од:

За првпат од отварањето на канцеларијата на ММФ во Македонија во 1995 година, истата ќе остане без претставник од ММФ во тимот.

Со соопштение ММФ информира дека по завршување на мандатот на господин Патрик Гитон (Patrick Gitton), кој во моментов е претставник на ММФ во канцеларијата во Македонија, нема да биде назначено ново лице на таа позиција.

Ова ќе ја остави канцеларијата на ММФ во Македонија да функционира само со локалните тројца вработени (помошник економист, офис менаџер и шофер/техничка поддршка).

Ова ќе биде првпат ММФ да нема свој претставник во земјата, а како причина е наведено тоа што ММФ нема програма со Македонија и не е неопходно силно присуство во земјава.

Би можело да ве интересира

Лажен полицаец измамил скопјанка, па и зел 3.200 евра

18-годишна девојка во центарот на Скопје била нападната од манијак

Горан Наумовски

Поради снегот, Итната помош во Скопје деновиве имала 254 интервенции

3,5 милиони евра за снегот и мразот по улиците, но сумата допрва ќе расте

Скопје под снег, врнежи во цела Македонија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Поддршка за Александар Вучиќ во Скопје

Горан Наумовски