ММФ и одобри на Украина транша од една милијарда долари

Од:

Советот и директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) го заврши вториот преглед на антикризната програма за Украина и оддели за Киев кредитна транша од една милијарда, јави ТАСС, повикувајќи се на прес-службата на Фондот.

Вкупната висина на средствата, предвидени за Украина, веќе достигна 7,62 милијарда долари, посочи организацијата.

При исполнување на програмските критериуми Украина ќе може да добие во ноември транша од околу 1,3 милијарди долари, а во февруари следната година, уште една исплата од околу две милијарди долари, посочи претходно извор од ММФ.

Украинскиот претседател Петро Порошенко го поздрави доделувањето на средствата.

– Одлуката на ММФ му покажа на светот дека Украина ги извршува реформите. Тоа ќе придонесе исто така и за стабилизирање на украинската валута – гривна, и ќе ја поддржи макроекономската стабилизијација, изјави Порошенко.

– На овој начин се дава зелено светло за обезбедување на една милијарда долари кредитна гаранција од САД и заем од 600 милиони евра од ЕУ, истакна украинскиот претседател.

– Новиот кредит од ММФ ќе и помогне на Украина да го врати долгот и да ја запази стабилноста на гривната и финансискиот систем, заклучи украинскиот министер за финансии Александар Даниљук.

Би можело да ве интересира

Русите испраќаат борци и од Јемен да се борат против Украина

Меркел: Путин нема да застане со скрстени раце и да гледа како Украина се приклучува на НАТО

Америка потврди: Им дадовме зелено светло, можат да нападнат

Монд: Франција и Велика Британија ја разгледуваат можноста за заедничко испраќање војници во Украина

Русите се подготвуваат за нов напад на Запорожје

Кулеба: Војната нема брзо да заврши

А1он