ММФ и одобри на Украина итен заем од 1,3 милијарди долари

Од:

Одборот на извршни директори на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) одобри итен заем од 1,3 милијарди долари за Украина за да обезбеди дополнително финансирање како помош државата да ја одржи својата економија додека се бори против руската инвазија.

Парите ќе дојдат од новата програма за итни заеми заради справување со недостигот на храна, која одборот на директори на финансиската институција ја одобри минатиот месец.

Украина, исто така, побара бордот на директори на ММФ да ја надгледува програмата со цел да ја зајакне политичката посветеност и дополнително да ја катализира поддршката од донаторите, објави ММФ.

ММФ објави дека руската војна против Украина, што почна на 24 февруари, предизвика „страшно човечко страдање и економска болка”, проценувајќи дека оваа година БДП на Украина ќе претрпи пад од 35 проценти. ММФ веќе и одобри заем од 1,4 милијарди долари на Украина.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина