ММФ: Грчкиот долг е исклучително неодржлив

Од:

Наспроти поволното финансирање на примарниот сектор и натамошните реформски планови,  долгот на Грција се очекува да остане исклучително неодржлив, се вели во предлог-меморандумот меѓу грчката Влада и ММФ.

Како што објави интернет порталот „Њуз.ин“, во документот се почичува дека за враќање на одржливоста на долгот и на реформските напори, од суштинско значење за понатамошна одржливост на долгот ќе бидат активностите на европските партнери.

Фондот прогнозира дека Грција оваа година ќе има примарен дефицит од 0,5 отсто, во 2017 вишок од 0,25 проценти, а во 2018 година примарен суфицит од 1,5 отсто.

ММФ очекува просечна стапка на раст на Грција да биде 1,25 отсто на среднорочен план, процент кој е понизок од претходните проценки на институцијата.

Во предлог-меморандумот се наведува и дека поставените цели, кои се дефинирани како „амбициозни, но реални“, би можеле да бидат спроведени со прилагодување на мерките, со кои треба да се заштедат 2,5 проценти од БДП до 2018 година.

Меѓу овие мерки се и реформите кои се однесуваат на системот на пензиско осигурување, данокот на доход, ДДВ-то и платите во јавниот сектор.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он