Глобалниот раст се очекува да забави до 2,7 отсто следната година, објави ММФ денеска, додека земјите се борат со последиците од руската инвазија на Украина, спиралните трошоци за живот и економските падови.
„Најлошото допрва доаѓа, а за многу луѓе 2023 година ќе се чувствува како рецесија“, рече економскиот советник на Меѓународниот монетарен фонд Пјер-Оливие Гуриншас во најновите анализи за светската економија (World Economic Outlook).
Германија и Италија ќе влезат во рецесија следната година, со што ќе станат првите напредни економии кои ќе имаат забавување во економиите по руската инвазија на Украина, покажа прогнозата на ММФ.
Целокупното производство на еврозоната нагло ќе забави во 2023 година, бидејќи германскиот бруто домашен производ – најголемиот во регионот – ќе се намали за 0,3 отсто, додека италијанскиот БДП ќе се намали за 0,2 отсто, објави ММФ во ажурирањето на својата светска економска перспектива.
Извор: МИА