ММФ денеска на Кипар ќе му ја одобри следната транша од 86 милиони евра

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се очекува денеска да му ја одобри следната транша на Кипар од приближно 86 милиони евра, соопштуваат кипарските грчки електронски изданија.

Траншата е дел од меѓународната финанансиска помош, што Кипар ја добива од Еврозоната и ММФ, откако островот западна во криза.

Се смета дека извештајот на фондот за Кипар ќе биде позитивен, откако земјата ги реализира сите поставени цели во рамки на договорот со тројката меѓународни кредитори (ЕУ,ЕЦБ,ММФ).

Следната мисија на тројката во Кипар се очекува да почне на 15 јули, а нејзините претставници ќе останат на островот до 29 јули.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес го погоди Кипар

Украина доби 1,1 милијарда долари од ММФ

Димитриеска-Кочоска на средби во ММФ – Го стабилизираме управувањето со јавните финансии, фокусот е на дисциплинирано буџетско трошење, ефикасно прибирање на приходите и економски раст

ММФ: На глобалната економија и се закануваат високи долгови и низок проектиран раст

Гувернерката Ангеловска-Бежоска на Годишните средби на ММФ и Светска банка

ММФ: Војната во Украина продолжува да предизвикува загуби, ќе трае најмалку уште една година

Горан Наумовски