Министерот за економија Крешник Бектеши најави основање на фирми со минимална основна главнина од едно евро.
Тој најави дека ќе биде формирано старт-ап село кое ќе нуди можност за младите кои сакаат да отворат бизнис без да плаќаат режиски трошоци.
„Ќе работиме на намалување на трошоците и административните процедури за добивање правна документација за потребите на бизнисот“, рече Бектеши.
Тој изјави дека главната цел во неговиот нов мандат ќе биде подигнувањето на животниот стандард на граѓаните на нивото на развиените европски земји.
„Преку мерките и програмите на Mинистерството за економија ќе работиме на создавање нови работни местa. Планот е невработеноста да се намалува по три проценти годишно“, најави Бектеши.