Митева: Преку регулација на криптовалутите ВМРО-ДПМНЕ обезбедува повеќе од половина милијардa евра во македонскиот Буџет

Од:

-Тргувањето со криптовалутите станува сѐ почесто споменувано, a овој вид вложување сѐ повеќе го привлекува вниманието на граѓаните. Во Република Македонија овој сегмент сѐ уште не е регулиран со закон, па, во случај на измама, нема начин да се обештетат инвестициите. Нашите закони ниту овозможуваат, ниту пак забрануваат купување и продавање криптовалути, поради што граѓаните имаат можности сами да одлучуваат дали ќе инвестираат рече на прес конференција портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

„ВМРО-ДПМНЕ цени дека времето на политички теми кои на дневно ниво ја уназадуваат Македонија е завршено. Преку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, ќе поднесеме Закон со кој ќе се дозволи трговија и чување на криптовалутите во Македонија. Со тоа, инвестираните и вложени пари од граѓаните ќе завршат во буџетот, ќе ја подобриме економијата. Ова законско решение кое ќе го предложиме ќе ги содржи во себе следните ослободувања: Најпрво, Трговија со криптовалути без ДДВ; Потоа ќе воведеме законска норма со која тие кои што ќе тргуваат со криптовалути најмалку до крајот на 2023 година ќе бидат ослободени од данок на добивка и персонален данок на доход“ – вели Митева.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Се води одлучна борба против криминалот и корупцијата, се апсат лица кои до сега беа недопирливи

ДУИ: ВМРО-ДПМНЕ никогаш повеќе нема да одлучува за политичкото претставување на Албанците

ВМРО-ДПМНЕ: Довербата на граѓаните во владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и премиерот Мицкоски е огромна

ВМРО-ДПМНЕ: Венко Филипче се гордее со Зоран Заев и учи од него

ВМРО-ДПМНЕ: Бујар Османи со дозвола од СДС водел задкулисни преговори за етнички прашања

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Системот функционира, се водат истраги и се апсат луѓе кои во време на СДС беа заштитени и недопирливи