Митева: Нема странски инвестиции, ама има фирма која добива четири тендери за уредување на слободните економски зони кои се празни

Од:

Во последните години во Македонија нема странски инвестиции, нема ниту политика за привлекување, но и покрај ваквата состојба сепак има тендери за уредување на слободните економски зони кои се празни вели портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ Марија Митева.

– Ова е договор помеѓу Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони со фирмата ЗОБЕК МИНИМГ ГРУП ДООЕЛ СКОПЈЕ склучен на 25.08.2023 година со кои се уредуваат меѓусебните права и обврски на договорите страни во врска со набавка за нивелирање на парцели во ТИРЗ Штип. Договорот е во вредност од 5.705.790 евра. Интересен е фактот што горе именуваната фирма во својата историја на електронскиот систем за јавни набавки има добиено САМО 4 тендери и СИТЕ четири тендери се од Дирекцијата за технолошко индустриски зони и сите овие тендери се добиени откако Јован Деспотовски е именуван за директор на ТИРЗ. Фирмата ЗОБЕК од Дирекцијата за технолошко индустриски зони има добиено два тендери во 2021 година, и по еден во 2022 и 2023 година во вкупна вредност од 989.793.742 денари односно 16 милиони евра, рече Митева на прес конференција.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти

Левица: Подаваме рака до ДПМНЕ, за заедно да не ги донесеме уставните измени

СДСМ: Опасни се најавите на ДПМНЕ за блокада на европскиот пат на државата

ВМРО-ДПМНЕ: Народот сака промени, тоа го покажуваат 180 илјади гласа предност на Сиљановска пред Пендаровски

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Државата е во хаос заради ДУИ и нивните измеќари од СДС