Митева: Бројките ги одразуваат стабилните економски перформанси – БДП за 2024 е 2.8%, а СДИ достигнаа над 1 милијарда евра

Од:

Македонскиот бруто-домашен производ (БДП) забележа раст од 3,2 проценти во последниот квартал од 2024 година, со што вкупниот раст на БДП за целата година достигна 2,8 отсто, соопшти денеска портпаролката на Влада на Република Северна Македонија, Марија Митева.

Главни фактори за растот на БДП, како што информираше Митева на денешната прес-конференција, се растот од 13,2 отсто во градежништвото и порастот од 10,6 проценти во стручни, научни и технички дејности.

-Станува збор за раст во секторот градежништво, значителен раст од (13,2%) во овој сектор ги потврдува зголемените инвестиции и активност во инфраструктурни проекти. Повеќе јавни и приватни инвестиции, придонесуваат за зголемена активност во градежниот сектор, кој стана водечка индустрија за раст на БДП. Го имаме и зголемениот пораст во стручни, научни и технички дејности, овој сектор пак се покажа како еден од клучните двигатели на економијата, во контекст на зголеменото внимание на иновациите, технолошкиот напредок и дигитализацијата, што директно влијае на продуктивноста и конкурентноста на македонската економија каде има пораст од 10,6%, рече Митева.

Дополнително, како што рече, 2024 година постави историска пресвртница во странските директни инвестиции, кои достигнаа 1 милијарда и 255 милиони евра.

-Мораме да потенцираме дека како Влада сме спремни да ги видиме резултатите коишто ќе се однесуваат од првиот до последниот квартал 2025 година, а ќе бидат резултат на политиките на оваа Влада. Овие резултати потврдуваат дека Македонија е на вистинскиот пат. Остануваме посветени на поттикнување на динамично економско опкружување, поддршка на бизнисите и создавање нови можности за раст и просперитет, дополни таа.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митева: Стевчо Јакимовски и неговите пајташи од градежната мафија сакаат бетонизација на Влае, присвоиле и улица за висококатница

(ВИДЕО) Митева: Стевче Јакимовски да им објасни на граѓаните како е возможно, за една календарска година, со неговото семејство да станат сопственици на две градежни парцели во најелитниот дел на Карпош

Митева: Итна реакција од сите надлежни институции за скандалозното однесување на Дехари

3 проценти раст на БДП годинава и во следните две години, предвидува Светска Банка за Македонија

(ВИДЕО) Митева: ВМРО-ДПМНЕ го осудува говорот на омраза врз Луна Стефаноска

Раст на БДП во вториот квартал од 3.4 проценти