Миновски: Гoдинaвa ќе имa рекoрднo нaјнискo прoизвoдствo нa електричнa енергијa

Од:

„Во текот на изминатата недела ЕЛЕМ достави до Владата информација, за тоа во каква состојба се наоѓа компанијата во моментов по сите параметри, поточно во моментот кога ја презеде новото раководство.

Станува збор за обемно согледување и тие информации во следниот период ќе бидат доствени до вас, односно до медиумите. Тоа за што сакам денеска да ја информирам македонската јавност е прашањето со производството на електрична енергија во Македонија.

Колку електрична енергија произведува државната компанија АД ЕЛЕМ со сите свои капацитети-термоцентрали, хидроцентрали и ветерници, дали e доволно и прашањето кое е логично секој да си го постави-дали ќе треба да увезуваме.

Во поглед со производството на електрична енергија, можам да кажам дека работите се катастрофални.

Ситуацијата со производството на електрична енергија во Македонија се движи во лош правец, односно од година во година производството значително паѓа. Во 2006-та произведени биле 6.510 GWh, во 2013-та бројките се веќе значително намалени, произведени биле 5.113 GWh, а во 2016-та- само 4.300. За годинава пак, предвидувањата се дека ќе завршиме само со 3.600 GWh произведена електрична енергија, што не било никогаш, односно е рекордно ниско нивно на производство на АД ЕЛЕМ. Постојат причини поради кои овие бројки се такви, особено за оваа 2017-та година“, изјaви новиот директор на ЕЛЕМ, Драган Минoвски.

Тој уверувa декa ќе се нaпрaвaт нaпoри дa се згoлеми мaксимaлнo прoизвoдствoтo, зa дa не се увезувa струјa.

Би можело да ве интересира

Шпанија и Португалија останаа без електрична енергија

Македонија има стабилен електро преносен систем, тврди Љатифи

ЕДС со нов менаџмент и нови иновативни пакети за снабдување со електрична енергија

ЕДС Инфо поинт: Просечната цена на струјата на HUPX берзата за денеска изнесува 83,02 евра за мегават час, на МЕМО 87,77 евра за мегават час

Снема струја во Порторико

Во јануари 69,7 отсто од потрошената струја од домашно производство