Министерството за финансии објави „Граѓански буџет“, алатка за полесно разбирање на буџетот за пошироката јавност

Од:

За да државниот буџет биде подостапен и транспарентен за граѓаните, тимот од Министерството за финансии изработи Граѓански буџет, во кој на начин близок до широката јавност, се претставени клучните информации од Буџетот на државата.

Граѓанскиот буџет не е замена за деталниот буџет на државата, туку претставува приказ преку кој секој граѓанин во рок од пет минути може да ги дознае плановите за управување со јавните финансии.

– Граѓанскиот буџет е една од алатките со кои Министерството за финансии ја отвора транспарентноста и отчетноста на јавните финансии. Ние сметаме дека целосниот увид на јавноста во тоа како се трошат парите на граѓаните е важен чекор напред во спречување на злоупотребите од страна на носителите на власта. Истовремено, нашата намера е преку зголемување на информираноста на јавноста да влијаеме на посилно вклучување на граѓаните во креирање на владините програми и политики – вели во предговорот министерот за финансии Драган Тевдовски.

Следниот Граѓански буџет ќе се објави со предлог Буџетот за 2018 година и изработката на овој документ ќе стане пракса и во иднина.

Буџетот го финансираат граѓаните и фирмите и тие се негови директни и индиректни корисници. Буџетот е од граѓаните – за граѓаните, затоа секој треба да има пристап и увид во него.

Граѓанскиот буџет може да го преземете од следниот линк.

Би можело да ве интересира

МФ: Буџетот за 2024 година реализиран согласно планираното, 2025 започнува ликвидно и стабилно

Советниците го изгласа Буџетот на Град Скопје за 2025 година

Изгласан Законот за извршување на Буџетот за 2025

Катерина Ѓуровски

Димитриеска Кочоска: Буџетот за 2025 година обезбедува непречено функционирање на институциите и државата

Битиќи: Предлог-буџетот за 2025 година не одговара на реалноста го премолучува реалниот дефицит

Горан Наумовски

Трендафилов: Во Буџетот за 2025 се планирани пари за поголеми плати