Граѓаните со ниски приходи можат да аплицираат за субвенционирање на сметката за електрична енергија до крај на месецов

Од:

Министерството за економија и во 2023 година продолжува со субвенционирање на сметката за електрична енергија за домаќинства со ниски приходи.

Јавниот повик за оваа мерка беше објавен на 27 јануари на веб- страната на Министерството за економија и ќе трае до крајот на февруари.

За оваа мерка се обезбедени 60 милиони денари, а ќе се субвенционираат од 600 до 800 денари од сметката за електрична енергија на домаќинствата во зависност од вкупните месечни приходи кои ги остваруваат, известува Министерството за економија.

„Согласно јавниот повик оваа година е зголемен прагот на вкупни приходи кои ги остваруваат домаќинствата, а воведени се и нови категории на домаќинства кои што ќе можат да ја искористат оваа мерка.

Граѓаните кои минатата година добија субвенционирање на сметките на електрична енергија, ќе треба повторно да аплицираат на јавниот повик за повторно да добијат субвенција.

Финансиска поддршка ќе се доделува на лица доколку нивните редовни месечни примања не го надминуваат нето приходот и тоа:

– 19.000 денари за самец;

– 25.000 денари за домаќинство со два члена;

– 30.000 денари за домаќинство со три члена;

– 36.000 денари за домаќинство со четири члена;

– 43.000 денари за домаќинство со пет члена и повеќе.

Согласно програмата за самец со приходи до 19.000 денари  денари; за домаќинство  со два члена до 25.000 денари; за домаќинство до три члена до 30.000 денари намалувањето на сметката ќе биде 600 денари, додека за  домаќинство со четири члена со приходи  до 36.000 денари; и за домаќинство со пет члена и повеќе члена до 43.000 денари намалувањето на сметката ќе биде 800 денари“, велат од Министерството за економија.

„Оваа мерка годинава е проширена со други социјално ранливи категории на лица како што се корисници на правото на надоместок заради попреченост, самохрани родители кои не се евидентирани корисници на гарантирана минимална помош и корисници на право на надомест за телесно оштетување

Исто така новина е што доколку овие домаќинства направат заштеда на електрична енергија од 10% споредено со истиот период минатата годона, тогаш ќе имаат дополнително 200 до 300 денари намалување на сметката за електрична енергија во зависност од категоријата.

Потребни документи:

Барање за искористување на финансиска поддршка за лицата со ниски примања кое може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на Министерството:  https://www.economy.gov.mk/mk-MK/news/javen-oglas-za-finansiska-poddrska-za-potrosena-elektricna-energija-za-lica-koi-spagaat-vo-kategorijata-ranlivi-potrosuvaci-na-energija-za-2023-godina.nspx

-изјава заверена на нотар со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна (образецот на изјавата ќе може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерството

-доказ за барателот и членовите на домаќинството на барателот во фотокопија (лична карта за полнолетни лица, извод од родени за малолетни лица, извод од венчани, потврда за развод или посмртница за член од домаќинството);

-фотокопија од последната добиена сметка за 2022 година за потрошена електрична енергија во домаќинството;

-лицата со ниски примања во категорија самец доставуваат изјава заверена на нотар со која потврдуваат дека живеат сами и со која се потврдува дека целокупната приложена документација кон барањето е точна и веродостојна. Образецот на изјавата (ЗА САМЕЦ) може да се подигне во архивата на Министерството за економија или да се обезбеди преку интернет страната на министерствот; и

-Доколку во домаќинствата се и корисник на правото на надоместок заради попреченост; самохран родител кој не е евидентиран корисник на гарантирана минимална помош и корисник на право на надоместок за телесно оштетување, со барањето за искористување на финансиската поддршка барателот до Министерството за економија задолжително ги доставува и следните документи

-потврда дека член на домаќинството е активен корисник на правото на надоместок заради попреченост и/или

-потврда за развод или посмртница за другиот родител или потврда за непознато или исчезнато лице за другиот родител и/или

-потврда дека член на домаќинството е активен корисник на право на надоместок за телесно оштетување“, се вели во соопштението на Министерството за економија.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Регионалната иницијатива „Отворен Балкан“ е платформа за поврзување на регионот со светот

MINT Fintech Group ја поддржа eCommerce конференцијата 2024 како бронзен партнер

АД МЕПСО ги прекинува сите видови на донации и спонзорства до крајот на оваа година

Матарела повика на отстранување на бариерите кои го попречуваат влезот на италијанските производи на кинескиот пазар

Предраг Петровиќ

Победата на Доналд Трамп на американските избори го зајакна доларот во однос на еврото

Буџетот за 2025 година усвоен на владина седница