Министерството за Економија еден чекор поблиску до инвеститорите во Кичево

Од:

Во просторите на Советот на Општина Кичево денеска се отвори канцеларија од страна на Министерството на Економија, која има цел да го следи економскиот развој во овој град одблиску, да им помага на малите и на средните бизниси и да ги известува заинтересираните за условите за инвестирање во Кичево.

На отворањето на канцеларијата присуствуваат шестмина претставници од Министерството за економија и двајца од Министерството за земјоделство, кои имаа средба со кичевските бизнисмени и се запознаа одблиску со нивните дилеми и интереси.

– Канцеларијата ќе биде отворена за консултации еднаш неделно и ќе биде место каде што сите бизнисмени ќе бидат известени за законите на пазарот, за поддршката што може да им ја понуди владата на бизнисите. Ова канцеларија, исто така, ќе се ангажира за тренинг на општинските вработени во иднина да го земат во нивната компетенција лидерството на канцеларијата за локален економски развој – рече Блерим Златку, државен советник во Министерството за Економија.

Како последница на нискиот економски развој, Кичево има многу семејства што бараат решение во странство, во западните држави. Овој проблем загрижува голем број од кичевските бизнисмени, кои не се многу оптимисти за поголеми ивестици. Но, тие истовремено ја поздравуваат оваа иницијатива на двете министерства и велат дека е ова првпат да имаат можност да ги претстават своите проблеми на лица од сферата на економијата.

Отворањето на оваа канцеларија беше најавено минатата недела, со доаѓањето на Министерот за економијата, Валон Сараќини, во Кичево.

Во посетата од пред една недела, Сараќини вети реализирање на голем број проекти во овој град, почнувајќи од енергетиката, малите и средните претпријатиа, земјоделството и туризмот, за кои тој смета дека Кичево има голем инвестициски потенцијал, кој може да им се понуди на странските инвеститори.

Фатљуме Дервиши

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката